Tuesday, February 23, 2010

Враќање на долговите . . .

Враќање на долговите . . .

Големите давачки кои ги трпел македонскиот народ, во неколку вековното турско ропство, биле причина истиот да се задолжува кај Турците, Евреите, вакафите и др. се со една цел да ги избегне репресалиите на кој бил подложен за време на собирање на даноците од страна на турските даночници. Задолжувањето било поради неможноста да се исплатат се поголемите даноци на Османлискта империја.

Така во најбогатиот вакаф во Битолско, вакафот ,,Ахмед-паша" за само една година, во периодот од 28 април 1607 год. до 16 април 1608 год. со цел да гли платат даноците се задолжиле над 30 села меѓу кои се среќава и Горно Илино со заем од 3000 и лихва од 450 акчиња.

Со истата цел многу села се задолжувале кај прочуените Евреи од Битола и Солун, познати по своите лихварски трансакции. Така во период по 1634 год. покрај многубројните околни села(Базерник, Спростране, Суходол, Магарево и др.) како должноци на Евреинот, Мојсо од Битола се среќава и Илино. Толку бил голем лихвар и селаните толку страдале што на крајот му пуштиле ајдути да го убијат и така многу села се ослободиле од неговите долгови.

Извадок од книгата : Александар Матковски, Крепосништвото во Македонија, Скопје, 1978 год. стр, 108, 117.

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А. БЛОГОТ Е ВО ИЗРАБОТКA; Александар Велјаноски

БЛОГОТ Е ВО ИЗРАБОТКA, Александар Велјаноски