Saturday, December 19, 2009

Една статистика за Големо Илино

Големо Илино, како планинско село расположено на источната страна на Илинска планина припаѓало на Битолската каза, Демирхисарска нахија во составот на Османлискта Империја.
Во XIX век, односно 1900 година во селото живееле 640 жители, а во 1905 година во селото живеат 624 жители.Токму во овај временски период функционирало и училиште како составен дел на Егзархијата.
Во 1961 година Големо Илино има 412 жители, а во 1994 нивниот број се намалува на 81 жител.На последниот попис од 2002 година во селото се регистрирани 52 жители, сите Македонци.


извори:
Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.239.
D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173. Големо Илино на web страната на општина Демир Хисар

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А. БЛОГОТ Е ВО ИЗРАБОТКA; Александар Велјаноски

БЛОГОТ Е ВО ИЗРАБОТКA, Александар Велјаноски