Балканските војни (1912-1913 год) од секогаш биле еден од историските настани на македонскиот народ кој го поставил печатот на дефинитивната поделба на етничките, стопанските и културно-географските граници на Македонија.
Во виорот на овие војни без своја желба бил втурнат и македонскиот народ, кој со над 100 000 војници во сотавот на српската, грчката или бугарската војна и тоа како го осетил сивилото на војната кое се случува на територијата на на неговата родна Македонија.
Покрај многуте учесници кои го положиле животот во време на овие војни на списокот, на Македонско -Одринското ополчение (192-1913 год)- Бугарска војска, се среќават и имиња на македонски војници кои потекнуваат од Демир Хисар (битолско) и посебно се истакнале во текот на оваа војна.
За покажаната храброст, одважност и саможртвување била наградени и и 20 -ина битолчани од редовите на 6-та Охридска ополченска дружина. Со ореднот се здобиле: Спиро Божинов село Бабино, Христо Георгиев од село Вардино, Васил Константинов од село Велмевци и Јове Стојанов од Градиште. Од селото Илино биле наградени: Миленко Велјанов, Григор Наумов, Атанас Грозданов о Коста Талев. Од селото Цер, Благоја Ангелов, Наум Велков, Методи Кирков и Богоја Костадинов, исто така бил одликуван и Мише Иванов од село Церско.
Со медал за Балканската војна 1912-1913 биле наградени нивните соборци Стојан Ацев од село Слоештица, Деспод Дамјанов од Спростране и Силјан Димов од селото Цер.
....
Како припадници на 10 -та Прилепска ополченска дружина исто така биле наградени битолчаните Коста Талев од градот, Велко Тасев од село Брезово, Тома Петров и Цветан Павлов од Илино и од село Смилево доброволецот Атанас Димитров.
Списокот на наградени биолчани продолжува и во преостанатите оплченски дружини: 1-та Дебарска, 2-та Скопска, 5-та Одринска, 8-та Костурска, како и во редовите на 11-та Серска.
извадок од
Драган Георгиев, Битолчани во виорот на Балканскта војна - Битолчани вкулчени во Македонско - Одринско ополчение (1912-1913), НУ Завод и Музеј - Битола, Зборник на трудови 17, Битола, 2013 година, страна 256-257