Wednesday, April 22, 2020

РЕВОЛУЦИОНЕРИ


Родени во Големо Илино

Секула Најдов Карабашовски — македонски револуционер од ВМОРО. Дејствувал во демирхисарско. Дел од четата на Јордан Пиперката, кај кого добил заклетва. Учествувал во борбите со турскиот аскер кај Прибилци, Карбуница, Боиште и Бабино.

Соколе Иванов Караџовски (Караџов) — македонски револуционер од ВМОРО. Активно учествувал во борбите против турскиот аскер, дел од четата на Алексо Стефанов, кај кого и примил заклетва.

Симјан Чукалков Крстески (р. 1866 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Бил дел од четите на Алексо Стефанов и Петар Чаулев.

Сиљан Вељанов Крстески (р. 1871 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Дел од четата на Јордан Пиперката. Учествувал во борбата кај Прибилци.

Никола Мицков Крстевски (р. 1871 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Дел од четата на Павле Трајков, учествувал во борбите со турскиот аскер кај селата Прибилци и Карбуница.

Мате Николов Крстевски — македонски револуционер од ВМОРО. Добил заклетва од Јордан Пиперката. А потоа бил дел од четата на Павле Трајков. Учествувал во борбата со турскиот аскер кај селото Прибилци.

Цветан Николов Кулумовски (р. 1872 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Добил заклетва од Јордан Пиперката во 1902 година. Учествувал со Јордан Пиперката во борбите против турскиот аскер кај селата Брезово и Цер.

Трајко Дојчинов Миленкоски — македонски револуционер од ВМОРО.

Јон Јанкулов Милошески — македонски револуционер од ВМОРО.

Илија Андонов Михајлов — македонски револуционер од ВМОРО.

Стојко Најденов Мицкоски — македонски револуционер од ВМОРО.

Кузман Илијов Станоевски — македонски револуционер од ВМОРО.

Ванчо Сиљанов Станоевски — македонски револуционер од ВМОРО.

Блаже Ристев Стојаноски — македонски револуционер од ВМОРО.

Варвара Ристева Рутеска — македонска револуционерка од ВМОРО.

Доне Стојанов Рутески — македонски револуционер од ВМОРО.

ИЗВОР:
1.https://mk.wikipedia.org/wiki/Големо_Илино
2. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. стр. 817-1393
3.Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I.дел II Скопје: Државен архив на Република Македонија..
 4. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А. БЛОГОТ Е ВО ИЗРАБОТКA; Александар Велјаноски

БЛОГОТ Е ВО ИЗРАБОТКA, Александар Велјаноски